Видот на помошта што Северна Македонија може да ја пружи, а секако беше побарана од украинската Влада се сместувачките капацитети за кои се прави анализа каде би биле сместени лицата кои ќе пристигнат од Украина. Секако пред тоа и МНР информираше дека е понудена помош од здраствен аспект,единици на крв и сето тоа што ќе го побара украинската Влада понатаму, одговори портпаролот Душко Арсовски на денешната прес- конференција за „Локално“.
Според портпаролот, Владата не располага со информации за заминување на наши граѓани да војуваат во руско-украинскиот конфликт. Но, потенцира дека се осудува воената агресија од страна на Русија.
-Во ова време апсолутно треба да се осуди она што се случува во Украина, со порака дека С.Македонија силно го осудува чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Оваа воена агресија е несомнено кршење на меѓународното право и е закана за евроатланската безбедност. За ова треба сите да се свесни и така да се однесуваат, додаде портпаролот.
М.А.