Владата не сака проектот за гасоводот да се политизира и злоупотребува

од Vladimir Zorba
81 прегледи

vlada

За нас е очекувана ваква реакција на СДСМ полна со дезинформации, погрешни податоци и пристап, и тие се резултат или на нивното непознавање на тематиката и материјата или пак се обид за груба манипулација на граѓаните, реагираат од Владата на соопштението на СДСМ за проектот за гасификација.

-Нашите анализи на фактичката состојба говорат дека тезите со кои СДСМ настапува во јавноста, а кои претпоставуваат некаква наводна успешност на проектите за гасификација во Струмица и Куманово, за жал се неточни и невистинити, затоа што податоците од објективната реалност покажуваат дека претпријатието „Струмица гас“ за жал е во огромни долгови и има сериозни проблеми со ликвидноста и рентабилноста, додека пак во Куманово нема сериозна апликација на овој проект, што значи дека од овие проекти во Струмица и Куманово за жал граѓаните немаат значителна корист, пишува во реакцијата од Владата.

Во реакцијата е наведено дека нема да навлегуваат во понатамошни дискусии кои значат политизација и злоупотреба на темата, и очекуваат и СДСМ да се осврне кон реална работа наместо кон критика без аргументи./Мета