Владата негира дека Заев ја пријавил мајката на Пино за вознемирување

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Владата демантира дека премиерот Зоран Заев ја пријавил за вознемирување мајката на исчезнатото момче Пино – Маја Трпковска.

За време на вчерашниот протест пред Собранието, Трпковска во изјава за медиумите рече дека добила пријава од Заев. Таа повторно побара од истражните органи да го пронајдат нејзиниот син.

– Не е точно дека премиерот ја пријавил Трпковска. Единствено е точно дека госпоѓата испраќала пораки, по што јавно го објавила телефонскиот број на премиерот, но не била пријавена ниту за вознемирување, ниту за било што друго, велат од Владата.