Владата планира да прави „отворен систем на патарини“

од Milan1
99 прегледи

„Се обидувам да најдам грант средства за да направиме отворен систем на патарини и да ја зголемиме ефикасноста на патувањето“, рече заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на „Телма“.

„Планираме да направиме отворен систем на патарини. Сега ние имаме систем како во Грција, а отворениот систем е како во Србија. Во однос на автопатската делница од Скопје до Охрид нема потреба од инвестиции за ова бидејќи тие сега се градат, а за делницата од Табановце до Гевгелија потребни се големи средства и верувајте дека континуирано бараме извори на финансирање во вид на грантови”, рече Николоски.

Слични содржини