Министерството за правда и предложи на Владата да предложи Уставниот суд да ја одбие иницијативата на Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов за оценување на уставноста на чл. 6 од Законот за советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одгворност на судија. Трајанов смета дека со одредбите на овој закон граѓаните се нееднкави за учетсвото во ова тело и е во спротивност со Законот за работните односи во делот на пензионирањето. Министерот за правда Аднан Јашари смета дека оспорената одредба е уставна.
За целосен увид кликнете на документот
Се уште не се знае кога иницијативата на ДС ќе се најде на јавна седница пред уставните судии.
Инаку партијата на Павле Трајанов утре прославува 15 годни од политчкото делување откако тој се повлече од владата на Љубчо Георгиевски и ВМРО-ДПМНЕ, во која влада беше министер за внатрешни работи.



