Владата се задолжи нови 21 милион евра

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Иако не беше најавено, Владата сепак спроведе ново задолжување на домашен терен. Преку продажба на едногодишни обврзници позајми скоро 21 милион евра, пренесе 24вести.

kufer pariИмено, денешното мартовско задолжување не е најавено во календарот за аукции на државни хартии од вредност на Минситерството за финансии.

Со продажбата на едногодишни обврзници Владата од домашните кредитори позајми скоро 21 милион евра, во пресрет на утрешното раздолжување, кога треба да врати скоро 45 милиони евра. Заклучно со декември, вкупниот јавен долг изнесува 3,9 милијарди евра или 45,8% од бруто домашниот производ.