Владимир Путин избрка тројца гувернери – кој е следниот?

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Тројца  гувернери ја изгубија  функцијата по “доброволна оставка”, усвоена од страна на претседателот на Русија Владимир Путин, соопшти РИА “Новости”.
пут банк
Тоа се случува само неколку дена по 9 мај и очигледно е дека е почеток нз реконструкција на важни позиции во државата која ќе продолжи. Денес рускиот претседател  ги испрати на предвремени избори две од областите во Руската Федерација – Иркутск и Камчатка.Ден пре да замине и гувернерот на Ленинград област, гласините говорат за  иста судбина и на владејачката  Тверска област.
Според политиколози, Путин го  прави овој чекор за да го намали ризикот од дестабилизација на земјата во пресрет на претседателските избори во 2018 година. Сеуште во Русија е силен одекот  од пристапувањето на Крим, а протестните расположенија од намалувањето на приходите на Русите не го достигнале  својот врв. Затоа замената на гувернерите, по големата рокади во безбедносните институции пред денови, кога 21 генерали од полицијата и Внатрешни војници беа упатени во оставка, зборува за подготовките на рускиот претседател за својот  нов мандат.