259
Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, заедно со министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, денеска со положување на свежо цвеќе оддадоа почит на великанот Гоце Делчев на неговото вечното почивалиште во црквата „Св. Спас” во Скопје.
Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност.