Владината коалиција функционира беспрекорно и амбиентот внатре е конструктивен, вели премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по вчерашните препукувања меѓу владините партнери ЗНАМ и ВЛЕН.
-Логично е и дома сте, па да имате различни ставови за некои прашања, но секогаш се наоѓа решение. Она што е важно е дека оваа Влада има поддршка од 2/3 од пратениците и тоа ме инспирира да продолжиме како Влада понатаму да градиме за граѓаните. Инаку опозицијата ќе се обидува да праќа такви пораки во јавноста. Она што мене ме радува е тоа што сите, без исклучок, што се дел од Владата на дневна оснаова се трудат да направат нешто добро за граѓаните и за државата, рече Мицкоски по денешното поставување на камен темелник на спортска сала во населено место Огњанци, во општина Петровец