273
Од страна на Министерството за труд и социјална политика, денес ќе биде презентиран Оперативниот план за активни програми и мерки за 2021. година.
Во рамки на оваа презентација според најавите, свое учество ќе заземат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири и постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Нарине Сахакјан.
Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека настанот ќе се организира согласно препораките и мерките за заштита од Ковид-19.