299
Пејачот и композитор Владо Георгиев имал романса со популарната поп-пејачка Марина Перазиќ.
Во деведесеттите, на врвот на нејзината популарност, Марина важеше за фатална заводничка на поранешна Југославија.
Пејачката зборуваше за љубовните врски со музичари, од кои еден бил и Георгиев.
Марина и Владо своевремено не зборуваа јавно за нивната врска, се додека пејачката во 2009 година не призна дека спиела со пејачот.
Таа во текот на игра во реално шоу на прашањето „Каков љубовник е од еден до пет? одговорила: „Многу добар љубовник“, односно таа го оценила пејачот со четворка.
Тогаш се огласи Владо Георгиев кој призна дека бил интимен со Марина, но нагласи дека тоа било во текот на деведесетите.