Влаховиќ го мачи раскинувањето со неговата девојка Вања?

од Milan1
769 прегледи

Голгетерската криза на Душан Влаховиќ на стартот од сезоната 2024/25 е актуелна тема во италијанските медиуми, а на тој план најдалеку отиде торинскиот спортски весник „Тутоспорт“, кој од своето основање прво го следи Јувентус, а потоа се друго…

Сепак, уредниците на популарниот весник овој пат го обоија текстот за „деветката“ на „бјанконерите“ со „жолта боја“, поврзувајќи ја неговата лоша форма со приватниот живот.

Тоа донекаде се поклопува со причините кои минатиот август ги наведе Фудбалскиот сојуз на Србија, кога отсуството на Влаховиќ од списокот на селекторот Драган Стојаковиќ беше образложено со „семејни проблеми“. Напаѓачот на српската репрезентација го нема ниту на поширокиот список за октомврискиот собир на националниот тим.

„Тутоспорт“ инсинуира дека врската на Влаховиќ со неговата партнерка Вања Богдановиќ западнала во нова криза и дека најверојатно дошло до раскинување меѓу двајцата млади луѓе кои се познаваат практично од детството. Како „доказ“ весникот наведува дека младата белграѓанка го деактивирала својот Инстаграм профил, заедно со исчезнувањето на заедничките фотографии и снимки од профилот на Душан на оваа социјална мрежа.

„Центарфорот на Јувентус ги избриша сите „нагласени“ фотографии со девојката“, пишува „Тутоспорт“ и потсетува дека парот последен пат е фотографиран заедно минатиот јули на една дневна забава на Ибица.

„Во тоа време дури имаше шпекулации дека Вања е бремена, но гласините набрзо згаснаа бидејќи немаше конкретни докази“, се наведува во текстот објавен во вторникот во доцните попладневни часови.

Слични содржини