Власта е крива за континуираната стагнација во македонското образование, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
171 прегледи

„Македонското образование е во континуирана стагнација, а причините се неодговорното работење на власта. СДСМ е во обид да протне на мала врата закон за партизација на образовниот кадар во училиштата“, соопштија утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Законот кој СДСМ сака да го изгласа во Собранието не предвидува зголемување на платите на наставниците, туку целосна партизација во образованието.

Ако навистина СДСМ и владејачкото мнозинство се грижеа за платите на образовниот кадар, ќе го прифатеа поднесениот амандман на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи партизација во образованието. На државата и е потребен професионален, а не партиски образовен кадар.

Неквалитетни решенија заради партиски амбиции во образовниот систем нема да има. Власта единствено мисли за лично богатење, а не на поквалитетен и подобар живот на граѓаните“, истакнаа утрово од партијата на Мицкоски.