Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека на повеќе начини им се прават опструкции да се намали излезноста и со закани и сеење страв да се откажат што повеќе граѓани од внатрешноста за протестот. Има и конкретни проблеми да се обезбеди превоз за митингот закажан за в недела во Скопје, вели Заев
– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и високи претставници на партијата им вршат притисок на превозниците да не ги отстапат превозните средства иако тоа веќе е договорено. Ги одвраќаат луѓето да не доаѓаат на митинг – рече Заев.
Тој потенцираше дека протестите ќе бидат масовни, дас е покаже став но никако ненасилни.
– На протестот ќе се обратат европски пратеници. Нема да дозволиме пред ним да се срамиме и да се предизвикува насилство. Млади активисти ќе постават тампон зона помеѓу учесниците на протестот и полицијата, за да не случајно има конфронтација. Наши активисти исто така ќе бидат ангажирани да ги снимаат сите ободи за предизвикување инциденти -истакна лидерот на СДСМ
Тој уште еднаш ги повика сите да не ја испуштат оваа историска шанса да учествуваат во мултуетничките процеси, кои ќе ја сменат сликата за демократска Македонија.
