Власта во Киев не може да ги потчини волонтерските баталјони

од desk3
120 прегледи

Украинските волонтерски баталјони претставуваат опасност за земјата, власта на Киев кон нив е премногу ограничена и владата не може да ги потчини. Тоа го констатира германскиот весник “Ди Цајт”.

UKR

Весникот потсетува на бтврдењето на воениот министер Стјепан Полторак дека во зоната на операцијата во Донбас “нема никакви волонтерски здруженија”, тврдејќи дека сите единици кои се вклучени во воените дејствија, се вклучени во составот на вооружените сили.

Формално тоа е така, но во пракса, контролата врз овие формации е премногу привидлива и тоа беше докажано од последните настани во село Широкое, недалеку од Мариупол. Таму баталјон “Азов” одби да го напушти селото. “Овој случај јасно покажа каде завршува власта на Киев врз волонтерските баталјони. Тоа крие многу опасности”, пишува весникот.

“Иако баталјоните Азов и Донбас ” веќе припаѓа на Националната гарда, тие не можат лесно да бидат контролирани, кога проценката на воената ситуација од лидерите се разликува од онаа на армиските водачи”, додава уште “Ди Цајт”.

Има и други проблеми – во редовите на “Азов” има нацисти, а баталјон “Ајдар” беше фатен во ликвидации.

Освен тоа богатите бизнисмени исто така имаат влијание врз волонтерските баталјони. И Киев не може да си дозволи да дејствува премногу бескомпромисно против нив, бидејќи прекумерниот притисок на влада како бумеранг ќе се рефлектира врз неа “, забележува уште Die Zeit.

Во оваа врска на владата во Киев му се наметнува да бара компромиси: контролата на волонтерските баталјони треба да има свои рамки, инаку овие единици можат да се претворат во сериозна закана за единството на Украина, резимира германскиот весник.