200
Регионалните власти денеска повикаа на итна евакуација на цивилите од градот Лисичанск во источна Украина, кој е под напад на руските сили.
„Почитувани жители на градот Лисичанск. Поради реална опасност по животот и здравјето, ве повикуваме на итна евакуација“, напиша Серхи Хајдај, гувернер на регионот Луганск, на Телеграм.
Тој рече дека ситуацијата во Лисичанск е многу тешка, но не кажа колку цивили останале таму. Пред руската инвазија на Украина, во градот живееле околу сто илјади луѓе.
Претходно денеска, Хајдај рече дека Лисичанск претрпува катастрофални штети од гранатирање додека руските сили го напаѓаа градот по падот на соседниот Северодоњецк за време на викендот.