Штипјанка била нападната од разбојник во нејзината куќа, при што и бил украден лаптопот. При грабежот, насилникот ја удрил жената, ја турнал и побегнал со пленот.
„На 6 февруари, осомничениот влегол во куќа на улицата „Гоце Делчев“, извршил пребарување и одзел лап топ компјутер вреден 50.000 денари. При вршењето на кражбата, го затекнала сопственичката на куќата. Осомничениот во тој момент физички ја нападнал, удирајќи ја по телото и раката, ја турнал на земја и побегнал со украдениот предмет“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека постои опасност тој да се даде во бегство, а судијата го прифати предлогот.