255
На официјалниот пречек за српскиот премиер Милош Вучевиќ, ниту еден претставник од владиниот коалиционен партнер ВЛЕН не присуствуваше.
Вучевиќ беше пречекан со највисоки државни и воени почести пред Владата, а покрај премиерот Христијан Мицкоски присуствуваа и вицепремиерите Александар Николоски и Иван Стоиљковиќ, како и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерката за енергетика Сања Божиновска. Вицепремиерот Изет Меџити не беше со нив.