ВЛЕН: Иницијативата за оспорување на двојазичноста е обид за државен удар

од Илинка Илиоска
35 прегледи

Без намера да ја загрозуваме независноста на Уставниот Суд, сметаме дека е неопходно да предупредиме од опасноста прашањето на употребата на Албанскиот јазик како службен јазик да се третира како можност за дневно политичка пресметка, соопшти калицијата ВЛЕН.

„Со оглед на фактот дека иницијативата доаѓа од анти НАТО партија која го глорифицира комунистичкиот режим на Енвер Хоџа, најмалку што очекуваме, истата да се отфрли со констатација дека е обид за државен удар. Особено што станува збор за оспорување на процесот на стапување на сила на Законот за употреба на јазиците, без да навлегува во неговата содржина. Доколку ваквата иницијатива евентуално се прифати, тогаш се отвора Пандорината кутија и за промената на Уставното име, кое исто така е извршено без потпис на тогашниот Претседател на Републиката, Ѓорѓе Иванов. Не сметаме дека Уставниот Суд треба да придонесе евентуална ревизија на нашето полноправно членство во најмоќниот воено-политички сојуз, НАТО Алијансата.

Нашиот став за балансерот е јасен и соопштен во неколку наврати. Овој механизам стана предмет на злоупотреба кога Македонци се изјаснуваа како Албанци за да се вработат во државна администрација. Затоа, сметаме дека е неопходно да се усвои Закон за правична застапеност.

Што се однесува до душебрижниците од Албанската опозиција, кои на секоја кривина бараат причина за да креираат меѓуетнички тензии со единствена цел, да го спасат фамилијарниот криминал на Али Ахмети, им порачуваме да му одговорат на Албанскиот народ:

Што правевте пет години од 2019 до 2024 и зошто не ја отфрливте можноста Уставниот Суд воопшто да ја преиспитува употребата на Албанскиот јазик како службен јазик?

Иницијативата на Левица до Уставниот Суд е доставена во 2019 година, кога ДУИ е на власт. Во тоа време за Претседател на Уставниот Суд е избран Сали Мурати, кој денес е пратеник од редовите на таканаречениот Европски фронт.

Во 2009 и 2014, екипата на Али Ахмети по налог на Никола Груевски и Сашо Мијалков го избраа Ѓорѓе Иванов за Претседател на Републиката. Во 2024 срамно не ја подржаа претседателската кандидатурата на Арбен Таравари и со тоа спречија Албанците за прв пат во историјата да имаат шанса за победа во вториот круг.

Ова е директен доказ за лицемерието на ДУИ, кои на секој чекор оставаат кукавички јајца за интересите на Албанците. Крајно време е да престанат да ја потценуваат интелигенцијата на Албанскиот народ и да ја прифатат одговорноста за нивните погрешни, неодговорни и криминални политики“, гласи соопштението.

Слични содржини