ВЛЕН: Подземниот паркинг кај плоштадот „Скендер Бег“ за двојно ќе го зголеми обемот на работа во Старата чаршија

Инвестицијата, проценета на повеќе милиони евра, ќе биде финансирана од државниот буџет...

од Vladimir Zorba
6 прегледи

„Со проектот за изградбата на подземниот паркинг кај плоштадот „Скендер Бег”, конечно ќе се даде одговор на долгогодишниот проблем со сообраќајниот метеж и недостатокот на паркинг места во Чаир и околината на Старата чаршија. Ова е инвестиција која директно им служи на граѓаните, на бизнисите и на туристичката понуда на овој уникатен дел од Скопје. Оваа инвестиција ќе го зголеми обемот на работа во Старата чаршија за најмалку дупло повеќе“, соопштија утрово од ВЛЕН.

„Проектот опфаќа подземен паркинг со современи стандарди и капацитет за стотици возила, со што ќе се ослободи јавниот простор и ќе се воспостави ред во сообраќајот.

Инвестицијата, проценета на повеќе милиони евра, ќе биде финансирана од државниот буџет, што ја покажува јасната определба на Владата да вложува во инфраструктура која останува трајна придобивка за граѓаните. Со тоа, се унапредува и безбедноста во сообраќајот, се олеснуваат условите за локалните бизниси и се поддржува развојот на туризмот во Старата чаршија.

Такви инвестиции, во време на ДУИ, не можеа ниту да се замислат, ниту за Чаир, ниту за Тетово, ниту за Струга. Денес, Владата на ВЛЕН покажува дека е вистински стратешки партнер на општините каде што живеат Албанците, насочувајќи средства и внимание кон нивните реални потреби.

Нашата определба е јасна: ќе продолжиме да инвестираме во инфраструктура, јавни услуги и урбани решенија кои го подобруваат секојдневието на граѓаните. Овие проекти се дел од пошироката визија за модернизација и развој, но и симбол на новата политика, политика на дела, а не на празни зборови.

Владата на ВЛЕН ќе продолжи да ја гради соработката меѓу централната власт и локалната самоуправа. Само со вакво партнерство можеме да обезбедиме еднакви услови за сите граѓани и да ги подигнеме општините со доминантно албанско население на ниво кое со години беше оспорувано и запоставувано“, додаваат оттаму.

Слични содржини