ВЛЕН се фали: Ставивме двојазични табли во Белановце, Ќафасан и Блаце, а сега и на граничниот премин Блато

„Овој резултат е плод на ангажманот на Мустафа Даути, заменик директор на Царината на Северна Македонија и кадар на ВЛЕН, кој нагласува дека ова е само еден чекор од многуте што се преземаат за да се обезбеди јазична еднаквост и институционално достоинство во секој дел на земјата“.

од Vladimir Zorba
62 прегледи Фото: ВЛЕН

Посветеноста и ангажманот на ВЛЕН за Дебар даваат конкретни резултати на терен. По поставувањето на двојазичните табли во Белановце, Ќафасан и Блаце, сега и граничниот премин Блато ја доби својата целосна форма со табла на албански јазик, поставена на местото што му припаѓа, кажаа од ВЛЕН.

„Овој резултат е плод на ангажманот на Мустафа Даути, заменик директор на Царината на Северна Македонија и кадар на ВЛЕН, кој нагласува дека ова е само еден чекор од многуте што се преземаат за да се обезбеди јазична еднаквост и институционално достоинство во секој дел на земјата.

„По многу години занемарување, го враќаме она што е и законска и морална обврска, присуството на албанскиот јазик во јавниот простор. Ние не правиме пропаганда, туку конкретни дела. Довербата на граѓаните е наш аманет, а чесната работа е најголемата награда за таа доверба”, изјави Даути.

Во Блато, албанскиот јазик денес стои таму каде што му припаѓа, на таблата, во институцијата и во срцето на секој Албанец. Овој чин е симбол на новата ера на јазично достоинство, за која ВЛЕН работи со посветеност, сериозност и видливи резултати“, истакнаа оттаму.

Слични содржини