ВЛЕН: За жал, и по 33 години се уште е отворено прашањето за албанскиот јазик

од Nikola Popovski
78 прегледи

Коалицијата ВЛЕН во честитката по повод 33-годишнината од независноста на Македонија, смета дека е апсурдно што прашањето за употреба на албанскиот јазик се уште останува отворено.

„И по 33 години независност и 23 години од потпишувањето на Охридскиот договор, за жал, сè уште се наметнуваат прашања во врска со употребата на мајчиниот јазик на Албанците, цивилизациско достигнување и демократска придобивка што не треба да се доведува во прашање во 21 век. Нашата генерација има историска обврска да се соочи со ендемичната политичка корупција и да преземе решителни чекори за реформи кои ќе ги вратат капацитетите на оштетените државни институции. Само преку транспарентност, отчетност и посветеност на општото добро можеме да обезбедиме светла иднина за сите наши граѓани без разлика на етничката припадност“, нагласуваат од коалицијата ВЛЕН.

По објавената независност изгласана со масовен референдум, пред Македонија се исправи предизвикот за остварување на целите на надворешната политика.

По ембаргото од јужниот сосед којшто наеднаш пледираше на името Македонија. За да биде примена во Светската меѓународна организација, Македонија во 1993, мораше да се согласи со конструкција на државното име, кое беше во меѓународна употреба 24 години.

За првпат во Њујорк, прозвучи македонскиот јазик на говорницата на Обединетите нации.

Македонската надворешна политика продолжи со средбите на највисоко ниво. Претседателот Трајковски се сретна со домаќинот Буш во Белата куќа.

Во 2004-та Вашингтон ја призна земјава според уставното име, Република Македонија како одговор на протестите предизвикани од новата територијална поделба. По една година во Брисел беше прифатена кандидатурата за членство во Европската унија. Во 2008-та, се случи и парадоксот за Македонија на Самитот на НАТО во Букурешт.

Во 2018-та, во преспанско Њивици Заев потпиша нов, овојпат со грчкиот колега Ципрас. Го смени името во Северна Македонија, од Брисел доби гаранции за брза траса кон Унијата, но не ги отвори преговорите поради европската рамка по францускиот предлог. Со променето име, Македонија се етаблираше во Северноатлантската алијанса, како 30-та членка на НАТО.

Слични содржини