Заклучно со 30.09.2022 година јавниот долг е 7.64 милијарди евра. Ова е историски највисок долг, а притоа нема инвестиции, нема проект, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од „Белата палата“ наведуваат и дека додека расте долгот, расте и инфлацијата.
-Македонија ја има највисоката стапка на инфлација во регионот и Европа. Со инфлација од 20% се анулира секаков раст плати, а народот осиромашува. Со владеачката партија секој негативен показател во економијата расте. Се зголемува и трговскиот дефицит. Наместо да го креираат најголемиот буџет во историјата и да трошат пари на се и сешто, СДСМ да ги применат и инкорпорираат мерките кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи, а ќе значат помош за стопанството и граѓаните, стои во соопптението од партијата на Христијан Мицкоски.