ВМРО-ДПМНЕ: Ќе беше природно денеска СДС и Кузевска да побараат оставка од Арсовска

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Ќе беше природно денеска СДС и Богданка Кузевска да побараат оставка од Данела Арсовска од Град Скопје, но главна причина зошто не бараат оставка е коалицијата Тачела, чијшто главен лепак се криминалните интереси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Од опозициската партија наведуваат дека ако СДСМ посакувале решение и надминување на хаосот, блокадите и должничката криза, денеска ќе побарале оставка од Данела Арсовска, владата ќе ги одземеше ингеренциите, го подмиреше долгот кон превозниците и ќе дозволеше да продолжат со нивната работа.

Притоа, додаваат оттаму, ќе побараа и ревизија на штетниот договор за набавка на гориво од пратеник на СДС за ЈСП водено од директор од СДС.

Слични содржини