ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да не ја користи ВМРО-ДПМНЕ како изговор на сопствената неспособност

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Ја повикуваме градоначалничката Данела Арсовска да не го политизира штрајкот и решавањето на проблемите со приватните превозници. Тоа нема никаква врска со политиката, туку со отсуството на способност да се носат вистински одлуки во градот Скопје од страна на градоначалничката, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Данела Арсовска.

„Да се тргнат политичките флоскули на страна и Арсовска да започне да ги решава проблемите на скопјани и да не ја користи ВМРО-ДПМНЕ како изговор на сопствената неспособност.

Препорачуваме своето време да не го употребува во измислување на алиби туку да ги засука ракавите и почне да работи. Скопјани очекуваат реализација на проектот за модерно Скопје“, додаваат од Белата палата.

Слични содржини