ВМРО-ДПМНЕ бара од директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат доктор Ирина Сотирова Бухова да не дава политички изјави, туку да го покаже резултатот од КОВИД тестирањето на генсекот на СДСМ, Миле Зечевиќ.
-Бухова наместо да биде портпарол на СДСМ нека се однесува како што и прилега на позицијата која ја држи, и да го покаже резултатот од тестирањето на Зечевиќ. Зечевиќ е позитивен и тој на Водици во Охрид ширел корона. Зечевиќ е неодговорен исто како и Зоран Заев и цело СДСМ кои се виновни за 8.000 починати и за барање провизии од вакцини, стои во партиското соопштение.
Претходно СДСМ негираше дека генералниот секретар Миле Зечевиќ бил позитивен на празникот Водици, ниту пак дека со симтоми учествувал на настаните тој ден.
-Тоа е целосна невистина од кујната на очајната ВМРО-ДПМНЕ. Огромна е разликата помеѓу Миле Зечевиќ и неодговорноста на Кирил Пецаков, соопштија од СДСМ.