Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжат работите на автопатот Кичево – Охрид.

„ВМРО-ДПМНЕ напоменува дека изградбата на автопатот не смее да биде проблематизирана и опструирана. Таа мора веднаш да продолжи, бидејќи автопатот е важен за Македонија и за целиот регион. Со него се подобрува поврзаноста долж европскиот Коридор 8 од Бари, во Италија, преку Албанија и Македонија до Бургас во Бугарија. Со него ќе се зголеми проточноста и ќе се допринесе за забрзан економски развој на целата држава, а особено на нашиот регион.
Срамно е и безобразно е ова однесување на СДСМ, кои во текот на изборната кампања ветуваа 600 километри автопат и 550 километри магистрални патишта, за сега да гледаме дека не се способни да ги довршат автопатите кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна и кои се во напредна фаза на реализација, а не пак да градат нови“, изјави Љубен Арнаудов од ВМРО-ДПМНЕ.