205
Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската комисија да отвори случај за пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски и да докаже „како ги стекнал 4 те милиони на сметка, хациендата во Волково и станот кој го купил сам“.
Според партијата, „Каевски должи одговори и дали луксузната хациенда на местото на неговата стара куќа во Волково е изградена дивоградба додека тој бил директор на Агенцијата за млади и спорт, а со Ѓорче Петров управуваше СДСМ?“.
-ДКСК да не молчи пред овие очигледни докази и да отвори случај за Дарко Каевски, порачаа од „Белиот дворец“.