ВМРО-ДПМНЕ бара јавна расправа за најавената реформа на системот на основното образование

од Vladimir Zorba
340 прегледи

„Заради широкиот јавен интерес кој се разви во врска со најавената реформа на системот на основното образование, а согласно член 124 од Деловникот на Собранието пред повеќе од една недела побаравме да се организира јавна расправа за ова исклучително значајно прашање“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

„Лично верувам, дека мнозинството граѓани би се согласиле со ставот дека е потребна реформа на основното образование. Сепак постои дилема, дали патеката, пристапот и методологијата одбрани од страна на Министерството за образование и наука е правилна. Затоа е исклучително важно ова прашање да биде предмет на јавна расправа во Собранието во текот на која ќе имаат можност да се вклучат и еминентни претставници на академската заедница, експерти, а пред се и засегнатите страни како што се наставниците кои најнепосредно ќе бидат вклучени во реализацијата на евентуално прифатениот нов концепт. Токму преку една транспарентна дискусија експертската заедница и јавноста ќе дадат свој придонес за прашањата кои се од големо значење за иднината на Македонија, а тоа е образованието и воспитувањето на младите“, истакна тој.

Слични содржини