Владата прифати да му помогне на дел од стопанството и со тоа прехранбената индустрија ќе добие фиксна цена на електрична енергија која е пониска од цената на слободниот пазар, соопштија денес од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата со амандманите предлага финансиска поддршка од 3000 денари да има за сите самохрани родители, а не само за оние чии деца се на возраст до 7 години и се приматели на гарантирана минимална помош.
-Бараме по 3000 денари месечна финансиска поддршка за сите средношколци, деца без родители и родителска грижа, по 3000 денари и за невработените лица кои се активни баратели на работа, како и за корисниците на гарантирана минимална помош. Дополнително сметаме дека поддршката за пензионерите е недоволна и не ги опфаќа сите и токму затоа бараме сите пензионери со примања до 18.000 денари да добијат месечна финансиска поддршка од 3000 денари, тие што имаат до 30.000 денари да добијат 2.000 денари месечно, а останатите по 1000 денари месечно, изјави Бојан Стојаноски од најголемата опозициска партија.