ВМРО-ДПМНЕ преку Собрание бара покачување на пензиите просечно за 20%, или по 3.000 за пензионер и повисоки плати. Лошата економска политика и високите цени кои се резултат на истата ги нагриза примањата на граѓаните. Најмногу страдаат пензиите, побараа утрово од најголемата опозициска партија преку соопштение.
Според нив, предлогот за покачување на пензиите за 20% или по 3.000 денари е предлог со цел да се анулираат лошите ефекти од кризата и пензионерите да не почувствуваат негативни ефекти од зголемените цени.
-Воедно преку амандман на Законот за минимална плата ВМРО-ДПМНЕ бара усогласување на платите во јавниот сектор, со што платите на наставниците во основните и средни училишта ќе достигнат до 45 илјади денари, а покачување ќе има и за административно техничкиот персонал, стои во партиското соопштение.