ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да го прифати планот на Мицкоски

од Nikola Popovski

Таканаречените мерки од владата на анти македонската СДСМ се само бледа ПР алатка за пред јавноста дека нешто работат. Граѓаните плаќаат најскапа електрична енергија во Европа, а стопанството плаќа и дупло повисока цена за електрична енергија, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Според нив, половичните мерки не се доволни за справување со енергетската криза.

-Владата на СДСМ веднаш да ги стави комуналните претпријатија во регулираниот пазар за електрична енергија, бидејќи истите заради високата цена на струјата се на раб на банкрот. Нека го прифатат планот за справување со енергетската криза на претседателот Мицкоски, и со тоа граѓаните, но и државата ќе заштеди над 300 милиони евра, стои во соопштението на најголемата опозициска партија.

Слични содржини