ВМРО-ДПМНЕ бара сите вработени во јавниот сектор да добијат по 2806 денари

од Nikola Popovski
212 прегледи

На првиот ден од амандманската расправа мнозинството одби три клучни амандмани. Првиот беше за намалувањето на ДДВ-то на храната од 5% на 0%, вториот беше за издвојување на средства за акцизите и ДДВ-то за намалувањето на цената на горивото и третиот е суштинскиот амандман кои што беше одбиен. Беше одбиен амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари, соопшти Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој информира дека во текот на денот како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и како претседател на Комисијата за финансирање и буџет оствариле средба со Дарко Димовски и со делегација од Синдикатот на која што се договоривле дека особено внимание ќе посветат на тој амандман.

-За жал, мнозинството го одби и тука сакам да изразам жалење зошто се случи тоа. Ние потворно ќе оствариме средба со ССМ за да ги информираме зошто нивното барање е одбиено. Јас тука сакам да кажам дека веднаш по завршувањето на таа средба со ССМ, ние нема да запреме тука и повторно комисиски ќе поднесеме амандман за да може сите врабтени во јавниот сектор да добијат по 2806 денари заради тоа што тоа е егзистенционално прашање и навистина сериозен проблем на сите вработени, изјави Стојаноски од Собранието.

Слични содржини