ВМРО-ДПМНЕ бара Советот на јавни обвинители да ја отповика Димитриеска од УО на Академијата

од Nikola Popovski
84 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ повторно објави дека Судскиот совет извршил директен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, а истото го направиле и Советот на јавни обвинители. Според партијата на власт, наместо за член на Управниот одбор на Академијата да предложи и назначи член од редовите на обвинителите, советот ја назначил неговата претседателка, Душица Димитриеска.

Од партијата на Христијан Мицкоски соопштуваат дека претседателката на Советот на Јавни обвинители е именувано лице и истата не смее да биде и во УО на Академијата која што треба да ги произведе идните генерации на судии и обвинители.

-Димитриеска е мајка на Ема Нешкоска која е член на Советот на општина Гостивар и која на последните парламентарни избори во мај беше кандидат за пратеник од редовите на СДС. Со ваквиот начин на работа, вршејќи упади во независни институции кршејќи ги законите, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители дополни го уриваат имиџот и довербата на граѓаните во правосудните органи. Да не се чудиме после зошто и таа ниска доверба од граѓаните од само 2%, може дополнително да се намали. Затоа е потребна итна реакција и одговорност и го повикуваме Советот на јавни обвинители да престане да го крши законот и веднаш да го отповика својот предлог, Душица Димитриеска од член на УО на Академијата, побараа од владеачката партија.

Коалицијата „Сите за правично судење“ веднаш по нивното назначуваwe побараa. Антикорупциска да постапи за овој случај. Велат изборот е сериозен ризик од корупција и судир на интереси, бидејќи Антоанета Димовска и Душица Димитриевска како избрани и именувани, со закон им е забрането да имаат функција и во органи на управување.. Дополнително, нивното членување било спротивно и на Законот за Академија. Таму ќе треба да одлучуваат по приговори, а потоа како членови на советите ќе треба да одлучуваат за избор на кандидатите кои се обучиле за судии и обвинители.

Ова не прво вакво назначување. Таков беше примерот и за Зоран Герасимовски кој во исто време беше член на Судскиот совет, на Управниот одбор на Академијата и плус нејзин в.д. директор. По барање на антикоурпционерите, тој си поднесе неотповиклива оставка.

Европската комисија го објави Извештајот за напредокот на земјава во 2024 година во средата. Во делот посветен на правосудството, ЕК изразува загриженост за најавите на актуелната влада за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, оценувајќи дека таквите дејствија би ја поткопале независноста на судството. Токму јакнење на Судскиот совет преку ревидирање на законодавната рамка и негова поголема транспарентност и независност е една од препораките на Комисијата во однос на реформите во правосудството.

Слични содржини