ВМРО-ДПМНЕ: Бесими се фали со нови задолжувања преку ММФ

од Nikola Popovski
171 прегледи

Министерот за финансии, Фатмир Бесими се фали со нови задолжувања преку ММФ, додека Македонија изминатите 2 години се задолжи за над 1.6 милијарди евра, а со новото најавено задолжување се очекува долгот да изнесува над 2.3 милијарди евра. Јавниот долг на државата ќе изнесува неворајтни 7.9 милијарди евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Според партијата, „Бесими гордо се фали добри економски политики пофалени од ММФ и Светска Банка, а реалноста е сосема поинаква- се посиромашни граѓани“.

-Да го потсетиме Бесими дека во 2011 години, Македонија беше првата земја во светски рамки која зема Заем по истиот инструмент преку ММФ, во износ од 463 милиони евра, а беа искористeни само 220 милиони евра од истата квота.

Овој нов долг кои ќе го земе оваа криминална власт не е за сигурност и стабилизирање на економијата, туку единствено за крадење и богатење на функционерите на СДСМ И ДУИ.

Грабежот на граѓаните и уништувањето на економијата за многу брзо ќе запре, со брзите предвремени избори, каде што граѓаните ќе ја казнат ова криминална власт на СДСМ и ДУИ, се вели во реакцијата од „Белата палата“.

Бесими денес од Вашингтон после средбата со директорката на ММФ, Кристалина Георгиева информира дека добрите економски политики и економската стабилност ја квалификуваат Република Северна Македонија за користење на инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ, кој се доделува исклучително на земјите со здрави економски фундаменти.

Ова е прва официална средба помеѓу министер за финансии на земјава и директор на ММФ изминатите години, што ја покажува поддршката на оваа меѓународна институција за нашата земја.