ВМРО-ДПМНЕ: БРТ превозот не е адекватен за Скопје

од Vladimir Zorba
350 прегледи

БРТ превозот не е адекватен за Скопје, а аматеризмот при планирање ќе го загрозеше водоснабдувањето на градот, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по реакцијата на СДСМ дека ЕБОР ја демантира Арсовска околу оправданоста на БРТ превозот.

„ Планираната траса на БРТ превозот беше аматерски осмислена да се движи над главната водоводна цевка која се наоѓа во зелениот појас помеѓу двете коловозни ленти на булеварот. Водоводната цевка не е заштитена и поставувањето на коловоз над неа без дополнителна заштита за кој во овој случај се потребни дополнителни 20 милиони евра ќе предизвикаше хаварија.

Дополнително пред да се постави коловозот за БРТ транспорт мора да се изнајдат решенија за пристап до водоводната цевка без затоа да треба да се ископува целата евентуална траса и затоа Скопје да нема ниту вода, ниту јавен транспорт со часови или денови“ велат од партијата.

Оттаму додаваат дека вака осмислениот транспорт бил без конкретен план за голем број на странични проблеми како што е тој со водоснабдувањето.

Слични содржини