ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој верува дека полициски службеници без знаење на претпоставените давале лажни пасоши?

од Nikola Popovski
288 прегледи

„Правната држава завршува таму каде СДСМ, Заев и Спасовски почнува. Кој нормален ќе поверува дека полициски службеници сами, без знаење на претпоставени кои се поставени директно од Спасовски сами издавале пасоши на нарко босови?“, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски откако изнесе детали за акцијата „Двојник“.

Според нив, дали за мафијашката власт службеници се криви за пасошите за нарко босови?

„Маргиналци се криви за државниот рекет каде никогаш не се расчисти каде завршија парите? Никој не е крив ниту за туцето пари на Ден Дончев кој избега во Австралија? Никој не е крив ниту за бегството на Мијалков? Никој не е крив, зашто Владата на Заев е мафијата, а врана на врана очи не вади. Ќе одговарате, час поскоро“, објави од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција попладнево соопшти дека вкупно 215 лица добиле македонски патна исправа со туѓ идентитет, 214 биле странски државјани, а само еден бил наш државјанин. За помагање на овие документи со туѓ идентитет приведени се 9 лица, а по еден се трага. Од нив 9 се вработени во МВР, а еден бил посредник.

Тој го повика Основното Јавно обвинителството да постапи и да ја реши, како што кажа саботажата на акцијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Според министерот, споделувањето на информации со јавноста кое опозициската партија го направи вчера, можело ја загрози акцијата и се што било сработено во период од две години.

Слични содржини