ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасов одработува со ПР за лажни вести?

од Nikola Popovski
30 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека извршниот директор на агенција Рејтинг, Никола Спасов се стекнал со бизнис од 10 милиони евра со СДСМ, па оттаму прашуваат „дали затоа сега одработува со ПР за лажни вести“.

Од партијата на Христијан Мицкоски обвинуваат дека Спасов добил одобрение за изградба на фотоволтаична централа од 2.18 мегавати.

Фотоволтаичната централа на Спасов може да генерира приходи и до половина милион евра годишно. Во времетраење од 20 години фотоволтаичната централа на Спасов може да сврти и до 10 милиони евра. Дали фотоволтаичната централа со која Спасов се стекнал во време на СДС е причина за неговото одработување и ПР на креирање на лажни вести кој тој им го пласира, стои во партиското соопштение.

Вчера се огласија со демант од агенцијата Рејтинг. Велат дека обвинувањата се срамен и недозволив чин за политичка хајка врз приватна компанија.

-Агенција Рејтинг во своето петнаесет годишно искуство, има соработувано на проекти со политички партии и институции, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ. Сите проекти кои ги има реализирано се спроведени на професионален начин во целосно транспарентни постапки.

Оттука, оваа хајка за нас е неразбирлива и недозволива, за што правниот тим на компанијата ќе ги преземе сите правни дејствија да го заштити сопствениот углед.

Во соопштенијата и прес-конференциите се изнесени лаги и неточни информации за компаниите во сопственост на извршниот директор на Агенција Рејтинг, Никола Спасов, велат од агенцијата.

Бараат од сите релевантни институции, да реагираат на оваа, како што велат, очигледно организиран медиумски прогон на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини