ВМРО-ДПМНЕ: Дали во ГТЦ се трошело струја во вредност од милион евра за копање биткоини?

од Nikola Popovski
166 прегледи

Власта треба да одговори од чии пари е плаќана струјата за битмајнерите во ГТЦ? Дали во ГТЦ имало околу 200 битмајнери и дали дневната потрошувачка на струја била и до 10 мегавати?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму прашуваат дали дневно само заради задоволување на потребите на струја за овие битмајнери е трошена струја во вредност и над 40.000 денари, односно 1.200.000 денари месечно.

=Доколку е трошена претпоставената количина на струја, тогаш доаѓаме до сума од 1 милион евра струја која ја платил некој друг додека функционерите од власта копале биткоини. Ова е методот на Заев, троши струја, заработувај, а народот ќе плаќа, тоа го правел неговиот татко во Струмица кој е правосилно осуден за кражба на струја, тоа го прави тој во Скопје. Со заевци нема иднина. Со заевци има само кражби, криминал и сиромаштија за народот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини