Дамјан Манчевски е човек без срам и без никаков кредибилитет. Безобразието кај овој човек и кај бандитите од СДСМ оди дотаму да зборуваат за наводно изигрување на законот, а самиот Манчевски е човек кој веќе зад себе има неколку криминални афери, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ и координатор на Советничка група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје.

– Манчевски е човекот кој на јавноста и е познат по криминалните тендери со градоначалникот на Куманово од редовите на СДСМ. Манчевски преку фирмата “Метропаркинг” од Белград успеа да намести тендер заедно со О. Куманово во вредност од половина милион евра, пари на граѓаните, а притоа да не понесе никаква одговорност. Вечниот привезок на Шеќеринска и нејзин шеф на кабинет очигледно добро го научил занаетот од неговите ментори кои се докажани бандити и хоштаплери, а уште подокажани неработници, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетија што имаат направено од 2006 до сега.
– Реконструирани се на територијата на Република Македонија над 350 училишта, 45 училишта се во фаза на реконструкција, изградени се 70 нови училишта, а 3 се во фаза на градба. Изградени се над 40 јавни детски градинки на територијата на цела Република Македонија, од кои 10 во Скопје, а во фаза за подготовка за градба се и во Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров и Бутел. Изградени се 27 центри за ран детски развој. Изградени и проширени се Бул. Илинден, Бул. Србија, Бул. Св. Климент Охридски, Македонска Војска, Бул. Борис Трајковски, Митрополит Теодосиј Гологанов, изградени се два кружни текови во Ѓорче Петров и еден на Митрополит Теодосиј Гологанов, а реконструирани се над 25 000 метри коловози и тоа Јане сандански, Партизански Одреди, Кузман Јосифовски Питу, Филип II Македонски, Даме Груев, Bул ВМРО, Козле, Радишанска, ул. Самоилова, Благоја Стефковски, Козаров, ул. Пелагонија, Кемал Сејфула, Ферид Бајрам и уште многу други. Ова е само мал дел од тоа што има направено ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните. Разбирлива е нервозата во СДСМ затоа што се ближи априлското утро кога ќе се разбудат поразени.
СДСМ се свесни дека граѓаните гласаат дела и реализирани проекти, а не бандитска политика како што водат тие, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат: -Граѓаните не им веруваат веќе на нивните празни зборови и тоа ќе им го покажат повторно на изборите во април.