Маријанчо Николов кога, зборува за давачките од 60 евра, треба да каже дека тие давачки не одат во буџетот, туку се за одржување и не се 60 евра за сите туку зависат од договорот со сервисерот. И покрај тоа државата за да им излезе во пресрет на фирмите, донесе законски измени во Законот за регистрација на готовински плаќања, со кој се предвиде еден задолжителен бесплатен сервис годишно, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на пратеникот на СДСМ Маријанчо Николов.
„Уште поголема е лагата за казните. Во соработка со бизнис заедницата во јули годинава беа донесени измените на законот за прекршоци со кој санкциите се нивелираат во зависност со економската моќ на компаниите. Намалувањето на казните е уште еден чекор кон подобрување на бизнис климата во земјата и овозможува македонското стопанство да продолжи да остварува добри резултати. Со намалените казни за фирмите се придонесува за натамошно подобрување на нивниот амбиент за работа. Драстично се намалија казните за фирмите, што, пред се, е значајно за малите и средните претпријатија. Кај малите фирми казните се пониски шест до седум пати во однос на досегашните, а кај средните два до четири пати пониски од досегашните, што значи дека казната доколку мора да се изрече нема да влијае значајно врз работењето на фирмите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
(ВИДЕО) СДСМ: Фирмите да не плаќаат 60 евра за GPRS врска
Од владеачката партија велат дека според законот, казните се одмеруваат според три критериуми, вкупниот приход на фирмата, бројот на вработени и претходното поведение. Од таму додаваат дека најмали казни има за фирмите со приход до 500.000 денари и до 9 вработени, а најголеми фирмите со над 100 милиони денари приходи и над 250 работници.
