ВМРО-ДПМНЕ: Денес Сашко победи, но Штип и Македонија изгубија

од Vladimir Zorba
213 прегледи

„На парламентарните избори пред само една година гласаа 24 илјади граѓани, на претходните локални избори гласаа 29 илјади граѓани, денес таа бројка е нешто над 14 илјади гласови. Јасна порака од штипјани, дека денес Сашко победи, но Штип и Македонија изгубија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ за изборите во Штип, на кои тие не земаа учество со свој кандидат.

Тие тврдат дека „на сила се организирани избори“ само за да ја задржат власта во Штип;

-Цела држава ја кренаа на нозе за само еден градоначалник. И издвојуваа пирова победа, која денес штипјани скапо ја плаќаат со своето здравје Докторе Николов се случи она што јас ве предупредував, ги намачкавте рацете со криминалот на Заев. Нашиот народ вели нема лезет, а нема зошто денес вашата партија правеше тортура низ Штип, за 8 месеци ќе има повторно избори тогаш ќе го видите вистинскиот одговор од штипјани“, велат оттаму.