ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на ЈСП од СДС кој потпиша 27 милионски договор за нафта без попуст да каже зошто автобусите се палат

од Milan1
70 прегледи

Директорот на ЈСП од СДС кој потпиша 27 милионски договор за нафта без попуст да каже зошто автобусите се палат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС заедно со Арсовска го окупираше ЈСП, правеа милионски договори за свои блиски фирми, се натплаќаа тендери, а сега прашуваат зошто се палат автобуси.

Лошата состојба во ЈСП е резултат на СДС и Арсовска кои управуваат со градот веќе 7 година.

Скопје ќе има подобар транспорт со целосното заминување на СДС и Арсовска.

А за сите криминали и незаконитости одговорност ќе има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини