Договорот со Бугарија е коренот на асимилаторските и негаторските уцени кои се упатени кон Македонија. Токму со Договорот со Бугарија се формираше рамка и оправдување на барањата на Бугарија кои задираат во македонскиот идентитет, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму појаснуваат дека спротивно на експертската јавност, „антимакедонецот Ковачевски дозволи преку Комисијата да се менуваат македонските учебници и историски факти за личности и настани“.
„Антимакедонецот Ковачевски ги презентира “отровните плодови“ кои ги роди “отровното дрво“ наречено Договор со Бугарија, како успех. Тоа е бесрамност, однароденост и одлепеност од реалноста.Овој процес ако не се спречи нема да има крај, туку напротив води кон целосна асимилација преку нови понижувалки, уцени или кон бескрајно вето.Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува на сенародно обединување и отфрлање на договорот преку референдум.Овој договор е билатерален и нема апсолутно никакви европски вредности содржани во него. Напротив спротивставување на ваков анахрон договор е европска вредност и принцип. Чудно е што демократски вредности во негирање на македонскиот јазик, култура и историја гледаат само негаторските кругови во Софија и СДС. Оттука да не се чудат што се антимакедонска партија.Народот јасно кажува дека е против Договорот и понижувањата кои произлегуваат од него. Власт која го игнорира својот народ е осудена на пораз. Тоа ја чека и оваа ненародна власт предводена од антимакедонецот Ковачевски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.