ВМРО-ДПМНЕ: Докажаните мерки на партијата на Филипче, Заев и Харис Џиновиќ се доказ за неспособност и деструктивност

од Milan1
34 прегледи

Докажаните мерки на партијата на Филипче, Заев и Харис Џиновиќ се доказ за неспособност и деструктивност кои ја донесоа државата до работ на економски, институционален и морален колапс, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Стотици илјади лица се иселија од Македонија, инфлацијата достигна рекордни бројки, граѓаните живеат со најниски плати во регионот, а корупцијата и националните предавства станаа заштитен знак на оваа партија.

Со нивната неспособност, автопатите и пругите останаа само на хартија, а парите за нив завршија во нечии џебови. Граѓаните сè уште ја паметат трагедијата во модуларната болница, случајот со „Дурмо турс“ и скандалите со онкологијата, за кои никој не сноси одговорност. СДСМ молчи, бидејќи е под притисок од својот коалициски партнер ДУИ, чија злоупотреба на институциите достигна ново ниво на безобразие.

Граѓаните на Македонија се најнесреќни во Европа, дишат најзагаден воздух, а над 600 илјади живеат во екстремна сиромаштија со само 150 денари дневно. Во меѓувреме, Филипче си гради хациенди, купува луксузни возила и заштитува веледрогерии, додека болните умираат без соодветна нега.

Додека македонската јавност чека одговори за вмешаноста и расплеткувањето на трагедиите со онкологија и модуларната болница, како и за милионските набавки низ здравството кои доведоа до стотици милиони евра долгови на Фондот за здравство и клиниките, глетката на Филипче, кој со доза на воодушевување и гордост го снима својот ментор Зоран Заев како нарачува песни од Харис Џиновиќ, точно ја покажува свеста на овие луѓе кои сега зборуваат за “докажани мерки”.

Единствено докажано е вашата неспособност и криминогеност, поради што изгубивте на последните избори со катастрофална разлика, а рејтингот од 6 до 8 проценти е само уште еден доказ за тоа каде терате и што мисли народот за вашите “докажани мерки”, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини