„Додека сите земји се борат за итна и неодложна набавка на анти корона вакцини, неспособниот Филипче најави дека таквите вакцини би можело да пристигнат дури во март наредната година. Тоа значи изгубено време, а тоа ќе доведе до поголем број загубени животи“, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во соседна Србија првите вакцини пристигнуваат. Во соседна Бугарија до Нова Година ќе има вакцини. Во соседна Грција и во Франција вакцинирањето започнува во јануари, додека во Велика Британија веќе тој процес отпочна исто како и во Русија. Филипче пак последен ќе ја набави вакцината која значи спасување на живот, што значи дека бројката на заразени и починати ќе расте.
Власта целосно потфрли во справување со корона кризата, 1901 граѓанин ги изгубија своите животи како резултат на неспособноста на Заев и Филипче. Неспособноста, неодговорноста и негрижата на Зоран Заев и Венко Филипче ја носи државата во амбис“, велат меѓудругото од партијата на Мицкоски.