ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и првиот човек на компанијата Брако, Кочо Анѓушев, ги игнорираа обвинувањата

од Илинка Илиоска
51 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ повторно упати кон поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, во врска со неговото управување во здравствениот сектор, истакнувајќи дека „по цена на живот на граѓаните не се откажуваше од тендерите“. Во соопштението, партијата потсети дека „во модуларната болница во Тетово изгореа 14 граѓани“.

„Актуелниот претседател на СДС, Венко Филипче, за време на неговото министерување освен грижа за местење тендери немаше ништо за граѓаните, никакви подобрувања на здравството,“ наведено е во соопштението на партијата.

Во контекст на трагичниот настан во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека „Филипче и првиот човек на компанијата Брако, Кочо Анѓушев, ги игнорираа обвинувањата и укажувањата дека се виновни за пожарот“. Владеачката партија прашува „зошто е спроведуван тендер за набавка на парчиња, а не цел објект“, што довело до заобиколување на протоколите за безбедност.

„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека работат 100 проценти одговорно.

Слични содржини