ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не носи маска на митинзите

од Nikola Popovski
300 прегледи

Филипче преку ден глуми загриженост и апелира на почитување на мерките, а навечер оди по партиски митинзи и не ги почитува сопствените мерки, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според нив, „Филипче нека им каже на граѓаните, кога да го слушаат на сабајле кога вели дека на митинзи треба да се оди со маска, или навечер кога и самиот не носи маска и не држи дистанца?“

-Филипче ги крши мерките кои сам ги пропишува од почетокот на пандемијата. Додека сите беа затворени тој возеше мотор со Заев, тоа е таа ароганција на СДСМ со што го потценуваат народот, стои во партиското соопштение.

Министерот за здравство вчера порача дека е добро граѓаните да носат маски на митинзите.

-Без разлика на тоа што нема официјална препорака. Јас ќе препорачам до сите партии, иако нема протоколи на отворен простор. Мора да го сочуваме здравјето на граѓаните, кажа Филипче и додаде дека на некои од собирите се барале сертификати, дека имало и почитување на протоколите, но тој и се согласи дека забелешките од новинарите се издржани.

Слични содржини