ВМРО-ДПМНЕ: Филипче прави театар со лажна оставка

од Nikola Popovski
194 прегледи

Во Романија цела влада си даде оставка, а Филипче за 14 жртви вели кабелот е виновен. Насекаде во светот после поголема трагедија или несреќа која се случува во определен ресор, министерот, а некогаш и цела влада си дава оставка, само Филипче бега од одговорност и со Заев го обвинуваат кабелот, вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ после извештајот на ОЈО за причините за пожарот и неприфаќањето на оставките на челниците во здравство од страна на премиерот Зоран Заев.

Според нив, многу министри низ светот и функционери кога поднесувале неотповикливи оставки можеле да најдат изговори, но сите имале морал и не го направиле тоа.

-Филипче ќе остане запаметен како единствен министер кој после тешка несреќа во ресорот кој го води наместо да понесе одговорност прави театар со лажна оставка, додаваат од најголемата опозициска партија.

-Апсолутно тука никој ништо ниту амнестирал, ниту имал намера да амнестира, изјави вчера Заев на новинарско прашање.

Според него, секоја човечка одговорност, секоја субјективна одговорност внатре е право на истрага на други органи, што не е ни премиерот, ни Владата, ни Парламентот, тоа се Јавното обвинителство и судот.

-За да биде некој виновен треба да има постапка за негово обвинување или докажана вина. Се работи за морален потег на министерот и заменикот. Тоа се луѓе кои со својот професионален ангажман дадоа огромен придонес во справувањето со пандемијата и ни се потребни во периодот кој што претстои пред нас, рече Заев на прес-конференција.

Слични содржини