ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски е неприфатлив за амбасадор во ОН

од Берта Китинска
293 прегледи

Од ВМРО-ДПМНЕ  велат дека  Љубомир Фрчкоски е неприфатлив за амбасадор на САД.

-Заев наместо да ја сфати пораката го предлага за амбасадор во ОН, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Спасувачката мисија на Заев завршува со уште еден меѓународен блам. Заев сака да го прати Фрчкоски во Њујорк, на територија на земјата која веќе го одби. Тоа е дипломатски аматеризам и дилетантизам.

Заев предлага човек за амбасадор во ОН кој има сомнително криминално минато. Фрчкоски беше посочен од криминалецот Љубомир Магаш како министер кој учествувал во шверцот на нафта и цигари во 90-тите.

Љубомир Фрчкоски е докажан женомрзец и тепач на жени. Фрчкоски беше обвинет од сопствената сопруга дека ја тепал и малтретирал.

Фрчкоски тепаше студенти на универзитетски кампус.

Фрчкоски е човек кој што со своето насилно однесување ја скандализирал македонската јавност повеќе пати во минатото. Фрчкоски не може да биде амбасадор во ОН, најголемата организација која ги промовира и штити човековите права и мирот во светот. Тоа е исто како да слон во продавница за порцелан, стои во нивното соопштение.

Слични содржини